Најдобар начин да се сподели богатството на Православието е да се живее Православно

 Најдобар начин да се сподели богатството на Православието е да се живее Православно




Многумина од нас направија грешка што се обидоа да ги преобратат своите пријатели и роднини во православие. Добивме разочарување.

Најдовме големо богатство, сакаме да го споделиме со оние што ги сакаме и разочарани сме и се чудиме кога тие не го гледаат тоа што ние го гледаме. Најдобар начин да се сподели богатството на Православието е да се живее Православно. Ако ја живееме сериозно и посветено нашата вера во Христа, тогаш ќе станеме причина за голема „измена“ на срцата на оние кои се надвор од нашата Богоснована Црква.

Најважно е да запомниме дека нашето сопствено преобраќање не се должи на дискусии и убедување на другите, туку на благодатта на Светиот Дух.  Тоа ги доведува луѓето до вера, а не ние.  

Вистински мисионер , во православна смисла,  не е  некој што проповеда и врши притисок врз другите, туку  оној што ја доживува својата вера.  Кога проникнува во нашиот живот, кога нашата посветеност на Господ е длабока, благодатта на Светиот Дух изобилува и е она што ги преобразува другите околу нас.

Comments