Цената на мајчинската љубов...

 Цената на мајчинската љубов



Едно момчето влегло во кујната каде мајка му подготвувала храна и и го дало листот на кој напишал некои работи.
Неговата мајка, откако ги исушила рацете, почнала да го чита напишаното:

  • За чистење на мојата соба оваа недела: 1,00 €
  • За одење во продавница: 0,50 €
  • За чување на помалиот брат додека бевте да пазарите: 0,50 €
  • За ѓубрето што го фрлив: 1,00 €
  • За добрите оценки што ги добив на училиште: 5,00 €
  • За дрвата што ги донесов од подрумот: 2,00 €
Ми должиш вкупно 10 евра

Мајката го погледна, зеде пенкало, ја преврте хартијата и почна да пишува:

  • Деветте месеци кога беше во мојот стомак додека бев бремена: без наплата..
  • За сите ноќи што бев будна додека ти беше болен: без наплата..
  • За сите тешки времиња и таги што ми ги предизвика: без надомест..
  • За играчки, храна, облека: бесплатно..
  • За времето што го поминав шетајќи во паркот: бесплатно..
  • За помош во читање: бесплатно..
Ако ги собереш, цената на мојата љубов е нула!!

Кога детето го прочитало онаа што напишала неговата мајка, солзи му потекоа од очите, зеде пенкало и на хартијата со големи букви напиша: Платено во целост


Comments