Молитва од Свети Пајсиј Светогорец

 Молитва од Свети Пајсиј Светогорец


 Еден женски манастир го замоли Свети Пајсиј за една молитва која ќе влезе во нивниот типик.
 Тој ја напиша следнава молитва во која доминира неговата љубов кон целиот свет.
 Дури и децата го разбираат тоа, бидејќи е напишано со едноставни зборови и може да се прочита за време на семејната вечерна молитва:
Господи наш Исусе Христе, не ги оставај Твоите слуги кои живеат далеку од Црквата.
 Спомни си, Господи за Твоите слуги кои боледуваат од рак.
 За Твојот слуга кој боледува од помали или сериозни болести.
 Спомни си, Господи, на Твоите слуги кои страдаат од телесна немоќ.
 На Твоите слуги кои страдаат од ментални нарушувања.
 Сети се на владетелите и помогни им да владеат христијански.
 Спомни си, Господи за децата кои доаѓаат од семејства кои не ги сакаат.
За проблематични семејства и разведени.
 Спомни си, Господи за сираците, сите болни и страдалници во животот, за оние кои ги загубија своите сопружници.
 Спомни си, Господи за сите затвореници, анархисти, наркомани.
 Спомни си за сите странци. За сите оние кои патуваат по море, копно, воздух и заштити ги.
 Сети се на нашата Црква, свештенството и верниот народ.
 Сети се, Господи, на Твоите слуги кои беа прогонувани за време на војната.
 Спомни си, Господи за сиромашните, бездомниците и бегалците.
 Спомни си Господи за маченичките, напуштените, несреќните семејства.
 Сети се на оние кои се во очај, помогнете им и утешете ги.
 Спомни си Господи за Твоите слуги кои се молеа за нас.
 Запомни си Господару на нашите семејства.
 Спомни си за сите оние кои почиваат.

 Амин!

Comments