Mолитвена средба меѓу Свети Пајсиј Светогорец и Свети Порфириј Кавсокаливит

 Mолитвена средба меѓу Свети Пајсиј Светогорец и Свети Порфириј Кавсокаливит 


Односот меѓу Свети Порфириј и Свети Пајсиј беше полн со љубов и духовна комуникација.
 Еднаш Свети Пајсиј дошол во ќелијата што прво ја имал Свети Порфириј, а откако кажале што имале да кажат, Свети Пајсиј си заминал.

Тогаш отидов таму, полн со љубопитност, кај Свети Пајсиј и го прашав: Што зборувавте, Старче, што разговаравте?

Тој ми рече со разоружувачка едноставност: Ех, Господи Исусе Христе т.е. Исусовата молитва.
Очекував да разговараат за 666, за 12-те Апостоли или за разни Црковни теми. Но, тие се молеа заедно. 
Тие најдоа можност да се молат заедно, да „дишат заедно“ во молитвата.

(од Георгиос Арванитис, од книгата „Мојот старец Пајсиј Светогорец )



Преку молитвите на нашите Свети Отци, Господи Исусе Христе Боже наш, помилуј нè и спаси не!

Амин!



Comments