Мајка ти ми рече, ако ти тече крв од носот знаеш што да правиш. Што правиш во овој случај?

Мајка ти ми рече, ако ти тече крв од носот знаеш што да правиш. Што правиш во овој случај?


  Ваков одговор од толку мало девојче не би се очекувало...
Колку прекрасно си поминав во христијанскиот камп!
Но, додека едно попладне била во трпезаријата, од носот започнал да и тече крв.
Персоналот на кампот направи се што можеше со знаење што го имаше за да го запре крварењето... но ништо.
Крвта течеше без престан.
Одговорните почнаа сериозно да се грижат.  Тогаш водачот на кампот се сетил на нешто и  рекол на девојчето кое крварело:
- Мајка ти ми рече ако ти тече крв од носот дека знаеш што да правиш.  Што правиш во овие ситуации?
А девојчето одговорило:
- Во џебот од куферот имам бројаница, донеси ми ја, те молам.
Штом и ја донесоа, девојчето го прекрстила лицето со бројаницата и крварењето веднаш престанало.
- Кој ти ја даде бројаницата? Каде ја најдовте;
А девојчето одговорило:
- Бројаницата е на Свети Пајсиј Светогорец ја исткаил со свои раце!
Отидовме во манастирот во Суроти затоа што ме мачеше крварењето од носот, и затоа што лекарите не можеа да го спречат, бидејќи крвните садови кои го снабдуваат носот со крв се многу тенки...
Но, немавме благослов да го запознаеме старецот и бројаницата ни ја подари една монахиња во негово име.
Оттогаш кога ќе ми се раскрвари носот оваа бројаница и молитвата е мојата единствена надеж...

Оваа случка се случила во 1994 година во христијанскиот камп на студентите „Сотирос“ во селата околу Солун. 



Comments