Сè почнува да зема боја

 Сè почнува да зема боја.

Но, без разлика колку природата се облекува во боите на пролетта, ако нашето срце остане во сивите нијанси, ние ќе останеме мрачни и мизерни полни со офкања и жалби.
Извадете ги од памет лошите помисли, престанете да ги анализирате работите, престанете да ја заморувате душата со завист и злоба.
Исчистете го сеќавањето на омразата, оставете го вашето срце да сака, повторно да се заљуби во животот.
Нека светлината цвета во вас со смирение и едноставност.
Тогаш сè ќе добие боја во вашиот живот.
Затоа што тогаш Неговата милост ќе дојде и ќе го обои сивилото на вашата тага, црното на вашето искушение, вашето безбојно секојдневие.
Сите ќе се искапат во Христовата светлина која е светлина на Воскресението и Животот.
Внесете го Христос во вашиот живот и тогаш ќе видите како се крева свеж воздух на надеж и оптимизам. Почнете да се каете и да го вкусите слаткиот нектар на Божјото прифаќање со нашите Светии.
Сè може да се промени ако почнете да размислувате поинаку, да постапувате поинаку, да живеете поинаку.
Да размислуваш, да дејствуваш, да живееш како христијанин, а не само како религиозен човек.

Архимандрит Павлос Пападопулос

Comments