Како да ги натерате сите Свети да бидат со вас на молитва?

 Како да ги натерате сите Свети да бидат со вас на молитва?


Секој ден во Црквата ја бараме помошта од Светителите. Црквата е како амбасада каде што целата сила од Светителите и силата Божја се наоѓа на едно место
Но Светителите не посредуваат сами.
Кога го видоа и го спознаа животот на Христа, и примајќи го во себе Светиот Дух добија Божествено просветлување.Сега Христос е во нив и тие со силата Христова не посветуваат и нас.
Тие ги просветлуваат нашите умови.
Дали Светителот кој има толкаво богатство од просветлувањето Божјо нема да го подели со нас? Дали може тоа да ни го ускрати?
Божјото просветлување е најдлабоко и најголемо што можеме да го бараме од Светителите.
Светителот не може со својата љубов да искаже така што ќе не збогати со Божествено просветлување,просветлувајќи не нас.
Светителите не бараат ништо од нас,не одат позади нас да го молат Бога,туку се молат заедно со нас.
Се додека се со мене оние кои секој ден се со Бога и клекнуваат заедно со мене учествуваат, сочувствуваат и го пратат мојот сопствен настан пред Бога тогаш сум сигурен дека се застапуваат пред Бога за мене.
Старец Емилијан Симонопетриски





 

Comments