КАКО ДЕМОНИТЕ СЕ ПЛАШАТ КОГА ХРИСТИЈАНИТЕ ГИ ЧИТААТ КНИГИТЕ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ

  




Визија на старецот Софрониј

(ученик на Свети Пајсиј Величковски)

Манастирот Ниамец за Молдавија беше што и манастирот на Света Троица во Русија, Киевската Лавра и Света Гора за Грчка.

Пет векови беше центар на верското просветлување во Молдавија. Одтаму дојде и Свети Пајсиј Величковски.

Еден од учениците на Светиот Пајсиј, Софрониј кој во тоа време беше игумен, беше духовен човек и строг подвижник имаше една визија...

Една ноќ, мислејќи дека наближува зората, Софрониј излезе од капијата на манастирот, каде денес е светата вода. Таму виде човек кој беше црн во лицето и некако сјаен.

Носеше воена наметка и гласно викаше, како што тоа го прават официрите кога им наредуваат на војниците. Очите му беа црвени и светкаа како огин. Устата му беа како кај мајмунот и од неа излегуваа големи заби.

Голема змија му беше замотана околу појасот, главата и висеше и јазикот и излегуваше како меч. На рамењата имаше змијолики јажиња а на главата носеше капа од кои излегуваа змии и му беа заплетени како коса и околу вратот.

Кога го виде тоа отец Софрониј, се замрзна од страв. По некое време се собра и го праша овој господар на темнината што бара во тоа време во дворот на манастирот.

Дали е можно да не знаете дека јас наредувам овде во вашиот манастир?

Му кажа црнецот.

Овдека немаме војска и нашата земја проаѓа низ период на мирот му одговори отец Софрониј.

Тогаш црниот демон продолжи, ме испратија невидливите господари на темнината и ние сме тука да водиме војна против овој манастир.

 Кога ги давате монашките завети, наведувате дека ќе се борите против нас и ќе ни нанесете многу рани со својата духовна муниција. Многу пати бевме присилени да се повлечеме од срам,зошто оганот на вашата молитва не гори.

Но сега не ви се плашиме, особено после смртта на Свети Пајсиј, вашиот старец.

Тој не уплаши и многу пропативме од него.Откако дојде овде од Света Гора со шеесет други монаси, овде сум испратен со шеесет илјади наши војници да го зауставам.

Се додека неговата заштитничка беше Пресвета Богородица не можевме да одмориме. И покрај сите наши искушенија,трикови и методи против него и неговите монаси, не постигнавме ништо.

А истовремено,страшни болки,маки и искушенија кои ги претрпевме во тек на престојот на овој човек неможам да го раскажам. Ете. Беше искусен војник и неговата тактика не држеше секогаш надвор од позицијата.

После неговата смрт, меѓутоа,работите до некаде се сменија и успеавме да ги ослободиме околу десет илјади наши војници од оваа тврдина.

Кога монасите започнаа да ја занемаруваат својата власт и постанаа се повеќе заинтересирани за полето,зградите и лозјата,ослободивме уште десет илјади војници од нивната должност овде,останаа четириесет илјади да продолжат да војуваат.

Неколку години покасно, некои монаси одлучија да го сменат типикот на старец Пајсиј, некои меѓусебно не се сложуваа, а некои заминаа. Во меѓувреме мирјаните започнаа да изнајмуваат соби по манастирот, а кога ги внесоа и своите жени внатре, ние ја прославивме победата и ја намаливме војската уште за десет илјади војници.

Покасно, кога се отворија школите за децата, војната се приближуваше при крај и можевме да ја намалиме армијата за уште десет илјади војници и останавме само со десетилјади војници да се бориме против монасите.

Кога го слушна сето тоа старец Софрониј, воздивна во себе и го праша црниот демон.

Зошто и понатаму треба да останете во манастирот и после тоа што го гледате, и после тоа што сами го признавате дека монасите се откажаа од војната?

Уште која работа ви остана овде? 

И тој гад присилен со Божјата сила, ја откри својата тајна. Точно е дека нема никој да војува со нас како порано, бидејќи љубовта се олади и се држевте за овоземски и световни работи.

Но има уште нешто во манастирот што не мачи и грижи. Тоа се овие закрпени хартиени книги!! Што ги имате во библиотеката.

Живееме во страв и трепет да не ги зеде некој од младите монаси во своја рака и започне да ги чита.

Кога ќе започнат да ги читат ќе го дознаат вашето непријателство спрема нас и пак ќе се подигнат во војна.

 Старите Христијани,монаси и лаици непрестрајно се молеа, постеа, ги испитуваа своите мисли, а вие живеете како странци и паразити на овој свет.

Потоа, колку и да се едноставни, започнуваат да ги спроведуваат овие работи од книгите во пракса.

Тие и понатаму сериозно го сфаќаат Светото Писмо.

Не преколнуваат и беснеат против нас како диви зверови.

Доволно е да се каже дека само една вжежтена глава е доволна сите нас да не отера од тука.

Тие се немилосрдни и непомирливи спрема нас како и вашиот водач(Спасител). Конечно, имаме толку многу мир и тишина со вас.

Но овие ваши таканаречени духовни книги се извор на непријателство и немир. Зарем неможеме да имаме мир?

Зошто не ги читате нашите книги? Нели се тие духовни? Нели сум јас дух?

Истотака ги инспирирам луѓето да пишуваат книги.

Преостанува само еден од тие хартии, кои вие ги наречувате пергаменти, да паднат во рацете на едноставниот монах и војната пак да започне и ние ќе сме принудени повторно да го подигнеме оружјето против вас.

Бидејќи повеќе неможеше да молчи, јадниот игумен го праша:

Кое е вашето најголемо оружје против монасите во нашето време? и тој му одговори:

Целото наше денешно интересирање е да ги држиме монасите и монахињите подалеку од духовните потраги, а посебно од молитвата и проучување на овие книги.

Зошто да не го трошите времето на грижа за градините и лозјата,школите за младите и нагостување на сите овие добри луѓе кои оваа лето доаѓат овде на свеж воздух и здрава вода.

Монасите кои се занимаваат со такви работи се фатени во мрежата како мува во пајаковата мрежа. Додека сите овие книги не бидат уништени или истрошени, нема да се смириме. Тие за нас се како лакови и стрели.

Уште не ги заврши овие зборови а игуменот го направи крсниот знак и демонот исчезна.

Старецот замина кон Црквата со голема болка во душата,поради оваа видение и влезе во црквата. Кога монасите се собраа, со солзи во очите го раскажа своето видение се што виде и слушна во тек на оваа страшно видение. А тогаш нареди се оваа да се забележи во корист на преживеаните...




Comments