Сееш денес, жнееш во вечноста...
Сееш денес, жнееш во вечноста
Животот што го живееме сега не е конечен, но е одлучувачки. Секој наш збор, секоја наша мисла, секоја наша постапка - што и да посееме сега, еден ден ќе жнееме. Ниту едно зрно добро нема да биде заборавено, но ниту еден грев нема да биде скриен доколку не се покаеме за тоа.
Светите Отци нè предупредуваат: По заминувањето одовде никој не може да напредува. Тоа значи дека сега е моментот за покајание, сега е време за подвиг, сега е време за љубов. Затоа што штом ќе ги затвориме очите пред овој свет, нема поправка. Оној што овде бил милостив, ќе жнее милост во вечноста. Оној што љубел овде ќе ја сретне Љубовта во вечноста. Но, тој што овде бил невнимателен, мрзлив, се свртел само кон себе - нека не се залажува дека по смртта ќе го чека нешто друго од она што тој самиот го избрал.
Бог не е тој што не казнува, туку тој што ни дозволува да го жнееме она што самите сме го посеале. Ако сееме покајание, жнееме прошка. Ако сееме молитва, жнееме благодат. Ако сееме љубов, ја жнееме вечната Божја прегратка.
Оти тука е подвиг, а има и венци. Тука има борба, има мир. Еве време на милосрдие, а има правда.
Срцата да ни бидат будни, рацете да не ни бидат празни, молитвата нека биде светлина на нашиот пат. Затоа што овој живот е краток, но вечноста е долга. А оној што се труди да живее овде со Бога, ќе биде таму засекогаш во Неговата слава.
Амин
Comments
Post a Comment
Напиши коментар