Старец Тадеј Витовнички: Како да се подготвиме за светата тајна на Светата Причест?

 



Прашање: Како да се подготвиме за светата тајна на Светата Причест?


Старец Тадеј: Во однос на светата тајна на Светата Причест, Светата православна црква има правила како треба да се подготвуваме.

Но, главната работа е: најпрво мораме да ги подготвиме нашите срца, да се соединиме со Господа, тоа е најважно.

Што се однесува до постот, тој ни е потребен за да ги смириме нашите тела. Кога нашето тело ќе се смири, ќе се смири и нашата душа. Тоа значи дека мораме кротко и тивко да ги подготвиме нашите срца за Господа, за да се соединиме со Него.

Нашата Света Црква има правила за тоа како треба да постиме. И секој свештеник може да ни даде упатства како да се подготвиме за светата тајна Причест.

Но, главната работа е да ги подготвиме нашите срца. Ова е најважното нешто од се.

Дури и да не јадеме ништо, нема да имаме корист од Причеста ако нашето срце е злобно, има злоба во него и не може да се помири со сите.

Сите ние сме Божји деца. Честопати некој не може да поднесе некои луѓе.

Често мислиме дека некои луѓе не бркаат со своите мисли, не мразат. И иако не сме ги очистиле срцата, сакаме да се соединиме со Господ.

Ако се причестиме, нашиот чин нема да биде за наше спасение. Затоа што во себе ја задржавме карактеристиката на пеколот: зли мисли!

Значи, ако сакаме да се причестиме со светата тајна и да имаме некаква духовна корист, мора да се ослободиме од таквите мисли.

Секој кој вистински и искрено се подготвува за Светата Причест мора да има мирно срце. Светите отци велат: „За оној кој нема послушание, залудно е да се пости и да се моли на Бога“.

Послушанието е поважно и од постот и од молитвата.

Кога бев млад не ги разбирав упатствата на светите отци, дури подоцна ги разбрав.

Природно е дека ако не се смириш, и не си го исчистиш срцето од сите зли желби, тогаш залудно е да постиш.

Човек може да не јаде ништо, но џабе е ако во него има злоба.

Таквата личност мора прво да се ослободи од злото, а потоа да го прифати Господа во своето срце.

Затоа што Господ е сè љубов, мир и радост. Затоа, еве зошто мораме да ги подготвиме нашите срца пред светата Причест.

Ако го подготвиме срцето да биде тивко, спокојно и полно со љубов, ќе дојде здравјето на душата и телото!

И ако овие не се присутни во нас, ако се причестиме, ќе се осудиме себеси и нема да се спасиме.

Поради тоа, непрестајно да се молиме: „Господи, Светата Причест да не биде за наша осуда, бидејќи на сите сме простиле, туку нека биде за наше спасение“. Ова сакав да ви го кажам, драги мои деца.

Comments