Како да се бориме со среброљубието
Бидејќи болеста на среброљубието е надвор од нашата природа, велат светите отци, а доаѓа од немање вера и неразбирање, тогаш не е тешко да се надмине за оние кои се чуваат себеси и со страв Божји искрено посакуваат спасение. Но, ако дозволиме да стане силнo во нас, тогаш станува потешко од сите болести; и ако му се покориме, тогаш тоа води до такво уништување што апостолот го нарекува не само корен на секое зло, како што се гневот, тагата и други, туку дури и го нарекува идолопоклонство (види: 1. Тим. 6:10; Кол. 3:5). Светото писмо дава многу примери од кои може да се види како луѓето преку љубовта кон парите не само што отстапувале од благочестивиот живот, туку дури и згрешиле во вера, страдале душевно и физички и пропаѓале.
Отците кажале дека „оној што собира злато и сребро и ја полага својата надеж во нив, повеќе не верува дека Бог се грижи за нас“. А светите списи исто така велат: ако некој е опседнат од гордост или љубов кон парите, па дури и од една од овие страсти, демонот повеќе нема да го вознемирува со друга страст - една од нив е доволно за да уништи човек. Затоа, колку строго треба да се набљудуваме себеси, за да не паднеме во оваа погубна и душеуништлива страст, и да Му се молиме на Господа да го избрка од нас духот на љубовта кон парите. И не треба да ги избегнуваме само златото и среброто и имотот, без да се трудиме да ги стекнеме, туку и сите непотребни работи, освен најпотребните за употреба - облека, чевли, ќелии, садови, алатки за ракотворби - и сето тоа не треба да биде вредно, а не украсено, лесно да се најде, едноставно - за да можеме на тој начин да избегнеме светски разговори, осуди и озборувања.
Вистинската победа над болеста на среброљубието и љубовта кон нештата се состои во тоа што не само што не треба да стекнуваме имот, туку и да не сакаме да го имаме. Ова ќе ни даде духовна чистота.
Преподобен Нил Сорски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар