Моќта на Псалмите

  



Свети Антониј Велики, како што пишувал Свети Атанасиј Велики (писателот на житието на Свети Антониј Велики), многупати го користел Псалтирот, главно кога се соочувал со демонски напади, бидејќи со псалмите  ги ,,бркаат демоните“, како што карактеристично кажува Свети Василиј Велики

За време на демонските напади, Свети Антониј осум пати цитира точни стихови од Псалмите.

Во почетокот, кога Свети Антониј доаѓа пред духот кој добива облик на црно дете, го презира и му кажува дека е црно не само по формата, туку и по умот.

Потоа го користи Псалмот 117:7 кој гласи: ,,Господ ми е помошник: и јас слободно ќе гледам на непријателите мои„.

По овие зборови, црниот демон се исплаши, веднаш замина и не се осмели повторно да му пријде на Светителот.

Кога се подвизуваше во гробот, повторно го нападнаа демоните, кои го тепаа, но тој се молеше.

Потоа извикал дека без разлика колку удари добил, нема да го остави Христа и го кажувал Псалмот 26:3: „И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе се надевам на Него„ , покажувајќи ја на тој начин својата духовна сила и неговата целосна посветеност на Христа.

Многупати другите монаси оделе да го посетат и се плашеле да не го најдат мртов, поради демонските напади.

Напротив, кога стигнаале во близина на на келијата која била затворена, го слушнале како го кажува Псалмот 67:2 „ Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови; да бегаат од лицето Негово оние, што Го мразат“ и  Псалмот 117:10 „Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив“.

Свети Антониј ги раскажуваше своите искуства од борбата со демоните и спомна дека кога дошле да го нападнат и заплашат во форма на оклопни војници и диви ѕверови, тој го кажувач Псалмот 19:8 : Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог“ , и на овој начин беа уништени демоните!

Ова е моќта на Псалмите!

Така со помош на Псалтирот Свети Антониј Велики ги победи демоните (тој е единствениот светител меѓу сите наши Светии кој добил најмногу напади од демони).


Comments

Anonymous said…
АМИН