Ќе засадите едно дрвце и денес-утре тоа ќе даде плод.


 Најмногу од оние кои доаѓаат во Катунакија велат: Зборувај ни.

Да ви кажам,одземете барем половина час од дваесетичетири часови.

И тоа нека биде спрема светското сметање околу десет-единаесет пред полноќ. Изговарајте ја молитвата без бројаница. Молејќи,плачејќи молитвено Господи Исусе Христе,помилуј ме.

Така, негувај го тоа и ќе видите каков плод ќе даде. Од половина час покасно направи да стане цел час.

И внимавајте,во тој час или телефонот ќе ви заѕвони или таа работа треба сега да ја завршите,или ќе ве фати дремка,или ќе ве нападнат богохулни помисли. Ништо.

Исклучете го телефонот,завршете ги сите работи и молете се половина час, не подолго.

И ќе видите,ќе засадите едно дрвце и денес-утре тоа ќе даде плод.

И Свети Јован Златоуст и Свети Василиј од тоа почнаа.

Едно дрвце, а станаа просветители на целата вселенатa. 

Преподобен Ефрем Катунакиски

Comments