На тешкиот пат, во искушенијата,во болеста и слично, трњето на неверувањето, нетрпеливоста и плашливоста ја кинат облеката на душата.  Потребно е, значи, оваа трње да се откорнат со вера, надеж и трпение, имајќи го за пример Господа Исус Христа кој многу страдаше во текот на целиот свој живот.  Многу трње ја повредуваа неговата сесвета душа, поради што изјавил: „Со трпение спасувајте ги вашите души (Лука 21,19).


 Низ болестите и општо низ сите неволји, Бог како Татко ни ја покажува својата добродушност затоа што бара начин да ни ја даде Својата Светост: „Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови (Евр. 12:7-8). Секогаш кога страдаме, јасно е дека сме Божји деца, а кој не би сакал да биде Божјо дете? Божјо дете,ги трпи и ги трпи искушенијата што  ги испраќа Бог со благодарност, вера и надеж.


 Дури и искушенијата што доаѓаат од луѓето се всушност испратени од Бога, за да се стекнеме со трпение, долготрпеливост, сочувство, бидејќи сето тоа се Божествени особини, како што ни вели Господ:Измири се со твојот противник навреме (Мт. 5:25) Затоа ние сме должни да го сакаме секој човек.


 Страдањата што ги доживуваме во текот на нашите животи не се достојни да се споредат со неискажливите добра, подготвени од Бога за оние души кои го носат Крстот, без разлика дали тие страдања потекнуваат од самата човечка природа, од други луѓе или од ѓаволот.  Секогаш кога ќе нѐ нападне некоја страст или слабост и ние се спротивставуваме, тоа може да биде причина да бидеме достојни за блаженство: Блажен е човекот што поднесува искушение, зашто кога ќе биде искушан, ќе добие венец на животот ( Јаков 1:12).


 Тоа да го правиш чедо мое, се трпи, зашто на секој човек невидливо му се плете венец.  Зимата е горчлива, но рајот е сладок.  Издржи го мразот на искушението, за да твоите нозе  играат радосно на небесата.



 Старец Ефрем Филотејски

Comments