Сознав низ молитвата своја,дека телесниот пост е повеќе симбол на правиот пост, многу користен за почетникот во надеж за Тебе, но и многу тежок за оној, кој остане само во него.


Затоа го внесов постот и во душата своја, да ја очистам од многу дрски помисли и како девојка ја спремив за Тебе.


И го внесов постот во мојот ум, да ги отфрлам фантазирањата за светските работи и да ги растурам сите воздушни кули, созидани од тие фантазирања.

Да умот мој би бил испразнет од светот и спремен, да ја прими Мудроста Твоја.


И го внесов постот во срцето свое, да ги уморам сите страсти и пристрасности светски.


Да Небескиот мир неискажано би владеел во срцето мое, кога бурно ќе надојде Твојот Дух.


И го натоварив постот на јазикот свој, да се одучи од бескорисните муабети и воздржано да ги зборува само оние зборови, кои го расчистуваат патот за доаѓањето Твое.


И го удрив постот на грижите свои, да би ги одувал пред себе како ветар што маглата ја одувува. Да не стои како магла помеѓу мене иТебе, и не го враќаат погледот мој кон светот.


И постот внесе во душата моја смирение пред нестворените и створените светови, и кроткост спрема луѓето и работите.

И внесе во мене храброст, за која незнаев додека бев наоружен со целото светско оружје.


Што би била мојата надеж без постот но само една туѓа приказна, што одеше од уста до уста, додека не стигна и на мојата уста?


Една туѓа приказна за спасението со пост и молитва да постане своја.

Лажниот пост ја следи лажната надеж, како што никаков пост ја прати безнадежноста.


И како што тркалото оди по тркалото, така и вистинскиот пост оди за вистинската надеж.


Помогни ми, радосно да постам и радосно да се надевам Најрадосен Празнику мој, што ми се приближуваш со сончева насмевка.


Свети Николај Велимировиќ


Comments