Многумина зборуваат дека веруваат во Бога, но кога доаѓа искушението, нивната вера исчезнува!Така да нивната вера била само на зборови.(Свети Јован Кронштатски)


Прашањето не е дали веруваш логично. Дали логично се објаснува  Воскресението на мртвите? Дали тајните им се објаснети на нашите сиромашни умови? Не,секако.


Потребна ви е вера која нахранува и се храни со животното искуство,и личниот однос со Бога. Тоа не се објаснува,туку доаѓа од самото искуство.


Денешното прашање е дали вирусот се одржува, одговорот веќе е даден низ колективното искуство од 20 векови, но дали сме спремни да не го изгубиме Христа ни по која цена, ни по која цена.


Сега ми паѓат на ум милионите Христијански маченици и од една страна ме додирнува нивната непоколеблива вера, а од другата страна ме растажува сегашната состојба.


Христос е распнат за нас.Ти и јас. Што мораме да жртвуваме за својата вера?Што ќе изгубиме да би сме добиле? Навистина,  што е тоа што не тера да се разделиме од Бога?

Мислам дека нас од Него не разделува стравот кој настанува од нашето неверие. Тоа е логиката која поправа и млакоста која не убива.


Да го земеме екстремното сценарио. Што е подобро, што е корисно за нашата душа?

Да умреме блиску до Христа или да опстанеме одрекувајки се од Христа? Што конечно бираме? Чашата на животот или предавство?


Зацврсти ја нашата вера Господи...



Comments