Старец Ефрем Катујнајски кажуваше:

На еден послушник,Отец Арсениј му кажа:

-Кажувај ја молитвата.

- Ја кажувам молитвата,но не чувствувам ништо.

- ѓаволот ја чувствува и заминува.

- А кога јас ќе ја почуствувам?

- Добро,чедо мое,сакаш ли да видиш чудо?

- Да сакам да видам,отец.

- Добро,ќе му се помолам на Бога да ти покаже чудо,да ја сфатиш колкава сила поседува молитвата.(Тоа го пишува во книгите на Светите Отци).

Старецот се молеше и постеше три дена.

- Дојди овде,чедо моје,земи ја корпата,оди на чешмата да ја наполниш со вода.

- Старче,прости ми,кој ќе при чистата памет ќе оди да ја наполни корпата со вода?

- Чедо мое,зарем не ми кажа дека сакаш да видиш чудо и каква сила поседува молитвата?

- Да,ви кажав.

- Тогаш направи го тоа што ти го кажувам или секогаш изговарај ја молитвата.

- Нека е благословено.

Господи Исусе Христе,помилуј ме,Господи Исусе Христе,помилуј ме.Корпата се наполни со вода а послушникот ја кажуваше молитвата. 

Старецот во својата соба се молеше Бог да пројави чудо на неговото духовно чедо.

Кога ја виде корпата наполнета со вода,отиде кај старецот.По пат му се појави ѓаволот во човечки лик:

- Монаху, каде одиш?

-Одам кај мојот Старец.

-Како се викаш?

-Ѓорѓи.

- Колку години си монах?

-Пет-шест.

- Која работа ја работиш?

-Со печатите.

Готово, водата истече! Низ празнословието,отиде и молитвата и отиде кај старецот со празна корпа!

- Што се случи,чедо мое?

- Старецу тоа и тоа се случи.

Ја остави молитвата чедо мое,затоа водата истече.Гледаш, додека ја изговараше молитвата,корпата ја држеше водата,кога престана и започна со празнословието,водата истече.






Comments