Стоиш на мојата глава


Кога еден монах го посети Светиот Софрониј Сахаров во манастирот во Есекс,му се пожали,дека живее во пекол:

Отец,го додирнав дното.Паднав на дното од пеколот.Многу ми е тешко кажа монахот воздивнувајќи.

Дали си сигурен дека си на дно од пеколот?

Нема подолу праша отец Софрониј.

Да Отец,нема пониско, заглавив.Дно на дното. На дното од пеколот сум.

Не не си дете мое.Ти се причинува.Не си на дно од пеколот,туку стоиш на мојата глава,му кажа,полн со љубов и смирение Светиот Софрониј.



Comments