Едно девојче го замоли монахот да и исплете бројаница.Кога монахот ја заврши,го повика девојчето да и ја даде бројаницата. 

Девојчето му заблагодари:

- Ви благодарам,отец!

- Немој, на мене на Бога да му благодариме! и кажа монахот.

- Како на Бога? Бог не ја исплете,туку Вие му кажа девојчето зачудено.

- Бог ја створи земјата и природата,ни го подари животот и на тебе и на мене,така да тоа е Божја заслуга што сум јас тука.

На името Господово подај му слава,поради милоста и вистината Негова.



Comments