Колку ни е тешко да ги изговориме овие едноставни зборови „Прости ми“, како нешто да не спречува во тоа. Самиот ѓавол е тој што не спречува да го правиме тоа, и затоа е толку тешко да ги кажеме овие зборови.

Но, штом ќе се ослободиме од оваа пречка, штом ќе го изговориме првото „Прости ми“, чувствуваме дека нашето срце се менува и дека веднаш го исполнува тивка радост. Откако простивме, Бог ни дава радост и душевен мир.

Следниот пат е многу полесно да се каже „Прости ми“, а третиот пат станува многу лесно. На овој начин учиме лесно и брзо да бараме прошка. Чувствуваме олеснување затоа што го испуштивме каменот на непријателството што ни тежеше на срцето. Наместо омраза, света љубов ни ги исполнува срцата.

Прости ми“ се најважните и најсуштинските зборови.



Свети Лука Кримски

Comments