Најди си време да размислуваш – тоа е извор на силата.

Најди си време да си играш – тоа е извор на младоста.

Најди си време за читање – тоа е извор на мудроста.

Најди си време за молитва – тоа е најголемата сила на земјава.

Најди си време да сакаш, и сакан да бидеш – тоа е дар Божји.

Најди време да бидеш другар – тоа е патот кон блаженството.

Најди си време да се смееш – тоа е музика на душата.

Најди си време да даваш – денот е премал за да бидеш егоист.

Најди си време да работиш – тоа е цената на успехот.

Најди си време за милосрдни дела – тоа е клуч за Рајот.


Анастасија Попеску ( мама сика )

Comments