Во овој суетен свет, чедо мое, ќе бидеме повредувани, ќе бидеме огорчени, ќе чувствуваме болка.

Но се тоа е привремено.


Да се молиме да не не напушти Бог во вечноста, зошто тоа не би можеле да го поднесеме.


Кога страдаш или си навреден со умот повикај го Распнатиот и ќе ти даде големо олеснување.


Зошто, кој може да погледа во Него и страдањата кои ги поднесе за нас, а во тоа да не најде мелем за сопствените рани, било душевни или телесни?


Погледај, чедо, таму на Голгота, таму каде  Светото Јагне однесе победа со Својата крв да ги очисти нашите гревови и страсти.


Неговото сочуствување е големо, никогаш не губи поверение во Него Кој е Распнат за тебе...


Старец Ефрем Филотејски

Comments