Шест месеци после погребот,по повод една надгробна плоча која ја поклони Богословијата за гробот на Светителот,се јави потреба гробот да се поправи,за да би можела да се постави плочата на него.

Притоа требаше да се помести и сандукот со телото.Меѓутоа,игуманијата се плашеше тоа да го прави,плашејќи се од миризбата која се јавува од распаѓањето на телото.

Додека неа така ја измачуваа помислите,за кои на никого не кажуваше,една вечер се јави Светителот на една од сестрите во сон и кажа:Што правиш чедо мое? - Добро сум,по вашите молитви,Отец,одговори таа.

Наведни се да те прекрстам,и кажа тој по својот обичај како кога беше жив.Таа се наведна,а тој пак и кажа: Помирисај ме да видиш дали мирисам.Таа му одговори дека не мириса.Тој и тогаш отворено и кажа: Дали смрдам?

Таа му одговори:Кој кажува дека смрдите,Преосветени? Како е можно да смрдите? - Светителот и кажа: Тоа го зборува игуманијата.Која игуманија? праша сестрата.

Игуманија Ксенија повтори Светителот па додаде: Погледај ме чедо мое,дали нешто ми недостасува? - и го покажа грбот,рацете,нозете.

Зарем не сум цел? - Да,му одговори монахињата полна со страв и целата трепереше.

Оваа свое видување монахињата веднаш и го кажа на игуманијата.Таа зачудена,реши привремено да се поместат моштите од гробот,додека не се постави надгробната плоча.

Кога потоа чичкото Мицо,ѕидар,го извади сандукот и го постави покрај борот,под кој Светителот беше погребан,сите присутни беа изненадени бидејќи телото беше потполно нераспаднато.

Светителот изгледаше како да спие,а од неговото тело се ширеше неописив мирис.

Со прекрстени раце кои беа жолти и чисти како восок.

 Тогаш телото на Светителот го пренесоа во неговата соба,каде остана два дена и две ноќи,се додека гробот не беше припремен и телото повторно не беше положено во него.

Гробот на Светителот беше отворен повторно после три години. Неговото Свето тело беше во иста состојба,како да блажено спие,а неописливиот мирис и овој пат го исполни дворот на манастирот.

Така цело и недопрено неговото тело остана повеќе од дваесет години и два пати преоблекувано,на радост на верните и на восхит и недоумица на неверните и маловерните.

Многумина во чудо се прашуваа: Зарем е можно во овој наш грешен и страстољубив век,повторно небото да слезе на земјата и земјата да роди таков миомирисен цвет?

А со мудроста Божја просветлените одговараа: Секогаш е ист Бог,и секое време е погодно за спасение,и од Бога дадено да раѓа Свети луѓе.

И навистина,Бог во секое време раѓа и ги препородува сите оние кои го земаат својот Крст и појдат по Христа,како Чудотворецот Егински Свети Нектариј.


 


Comments