Внатрешно молчење


Постојат две врсти на молчење. 


Првата е да се молчи со устата.

Тоа не е лошо барем не искушува и не ги повредува другите.


Но тоа не е доволно. Пустинските отци зборуваат дека затворникот кој седи во својата ќелија и не гледа никого, може сепак да биде сличен на змијата која лежи во змиското гнездо, исполнета со својот отров.Зошто,ако ги помни сите навреди кои му се нанесени, тој се исполнува со гнев како со отров.


Другата врста на молчење е внатрешното молчење.


За оваа молчење Отците зборуваат: има старци кои зборуваат од утро до мрак останувајки, при тоа во непрестајно молчење, затоа што не изговараат ништо што не би било некорисно за било кого, вклучувајки ги и нив самите. Тоа е внатрешно молчење. Би требале да тежнееме кон тоа.


Кога ќе го постигнете тоа и престанете да ги осудувате другите, тогаш станете и заблагодарите му на Господа, Кој ви покажа таква голема милост.

Тогаш нема да бидете далеку од чистотата на срцето.

И да знаете дека само со чисто срце ке го видиме Бога.


За некои постои и друг пат, патот на благодатните солзи.


Но, тоа не се солзите како оние кои ги проливаат луѓето поради тагата на срцето,кога ке ги изгубат своите најблиски, или кога читаат книги, или слушаат приказни или на тоа слично.


Благодатните солзи течат како потоци, и тоа понекогаш трае по две-три години непрекидно.


Овие солзи се како огин ја согоруваат секоја нечистотија во душата и душата здобива голем мир и го гледа Бога


Старец Михаило Валаамски


Comments