Сиромавиот пост! Колку само прекор,клеветење и гонење претрпува! Но по милоста Божја, тој опстанува.


Зошто темелот му е јак. Господ постеше, Апостолите постеа и при тоа не малку, него, како што за себе Апостол Павле зборува, постевме многу, и сите Светители Божји постеа, така кога би ни било дадено да ги видиме рајските семејства, ние тамо не би нашле некого на кој постот му бил непознат.


Тоа е природно. Нарушување на постот е изгубен рај- строгото држење на постот треба да биде едно од средствата за да се врати  изгубениот рај...


Погледајте наоколу. Кога некој прифати   да се грижи за душата, веднаш започнува да пости, и што е грижата посилна, тоа е постот построг.


Зошто е тоа така? Затоа што дело со постот полесно се одвива и со душата полесно се излегува на крај.


Оној кој се откажува од постот, на него спасението не му е битно. Таму каде стомакот ги пишува законите, таму стомакот е бог.


На кого Бог му е стомакот, тој е непријател на Крстот Христов. 

Кој е непријател на Крстот Христов, тој е непријател на Христа, Спасителот наш и нашиот Бог.


Свети Теофан Затворник


Comments