Еднаш еден млад човек,стаса до една оаза во сред пустината,го сретна старецот Елисеј и го праша:

- Какви луѓе живеат на оваа место,старецу?

- Какви луѓе живеат во твоето место од каде доаѓаш,дете мое? - го праша старецот.

- Тоа е друштво на себични и злобни луѓе,му одговори младиот човек,мило ми е што ги напуштив.

- И овдека исти такви луѓе ќе најдеш,дете мое,замислено му одговори старецот Елисеј.

Истиот ден низ оазата пројде уште еден млад човек да се напие вода и да се одмори и тој го сретна старецот Елисеј и го праша:

- Старецу,какви луѓе живеат овде?

Старецот му одговори со исто прашање:

- Какви луѓе живеат во местото од каде што доаѓаш,дете мое?

Младиот човек му одговори:

- Прекрасна група на луѓе,љубезни,гостољубиви,искрени.Многу сум тажен што морав да ги напуштам.

- Овдека ќе сретнете исти такви луѓе,му кажа старецот Елисеј.

Неговиот мал внук кој ги слушаше разговорите го праша старецот кога останаа сами:

- Дедо,како можеш да даваш толку различни одговори на истото прашање?

А старецот Елисеј му одговори:

- Слушај чедо мое.

Секој од нас во своето срце носи слики кои ги гледаат очите на неговата душа.

Кој не видел добро во местата низ кои поминал,нема ниту овдека да најде ништо добро.

Кој таму запознал пријатели,ќе ги најде и овдека.

Тоа е заправо нашиот ментален став единствена работа во нашиот живот кој можеме потполно да го контролираме.

Што и да сме ги научиле очите на нашата душа да бараат,тие ќе го најдат.

Сепак,добронамерната личност ќе го фали Бога за онаа што гледа дека му дал,додека лошата личност ќе Го проколнува за онаа што не му го дал.

Во најдобар интерес на сите нас е да научиме да го гледаме светот со Божјите очи!

Ќе помине низ се и низ секого,низ призмата на Неговата љубов и ќе биде благодарен...

Дури тогаш навистина ќе се смириме!





Comments