Некој ми раскажуваше за човекот кој секогаш се молел на Бога, да не го остави на земниот пат и, како што еднаш Господ ги придружувал своите ученици на патот кон Емаус, така да го следи по патот на неговиот живот.


 На крајот од својот живот, тој го имал ова видение: се виде себеси како оди по песочните брегови на океанот. Вртејќи се, ги виде отпечатоците од неговите стапала на мекиот песок што одеа далеку наназад. Тоа беше патот на неговиот минат живот. И покрај стапалата, имаше траги од уште еден пар стапала. Тој сфатил дека Господ го следел во неговиот живот, исто како што му се молел. Но, на некои места на патот виде само траги од еден пар стапала, кои беа длабоко засечени во песокот, како да сведочат за тешкотијата на патот во тоа време. И тој човек се сетил што се случило тогаш, кога имало особено тешки моменти во неговиот живот и кога животот изгледал крајно тежок и болен. И човекот го прекори Господа, велејќи:


- Гледаш, Господи, во тешките моменти на мојот живот, Ти не одеше со мене; ги гледаш ли трагите од еден пар стопала јас тогаш сам одев низ животот,  а од начинот на кој трагите беа длабоко врежани во земјата, се гледа дека тогаш ми беше многу тешко да одам.


Но Господ му одговори:


- Сине, ти грешиш. Навистина гледаш само отпечатоци од еден пар стапала во тој период од твојот живот, на кој се сеќаваш на тоа како најтешок. Но, тоа не се траги од твоите стапки, туку од моите. Затоа што во тешките моменти од твојот живот те зедов во моите раце и те носев. Значи, синко, тоа не се траги од твоите стапки, туку од Моите ...




Comments