ГРЕВ,МАЛ ИЛИ ГОЛЕМ,СЕ ПРОСТУВА СО ВИСТИНСКО ПОКАЈАНИЕ



Ми пишуваш дека гревот не ти е простен.

Светите Отци мислат различно.

За секој грев кој го направи човекот,гревот се простува кога човекот се покае,но сеќавањето на него останува до последниот здив.

А кога човекот е малку сонлив,кога човекот е малку опуштен,тогаш ќе му се појави гревот на јаве или во сонот да му направи дамка на мислата,да го направи одговорен за стариот грев или барем да му го расее умот.

Види,пророкот Давид,кога Нафан го обвини за Вирсавија,кажа: Му згрешив на Господа!

И му кажа пророкот:И го зема Господ твојот грев.Значи веднаш му е простено,меѓутоа до крајот на денот е казнет 

Прво умре бебето кое му го роди Вирсавија.

Тогаш неговиот син се огреши за својата ќерка,Фамари.Тогаш по него побрза неговиот син Авесал...И се оваа е што го претрпе после простувањето.

Гледате дека иако гревот е опростен,останува епитимија која одговара на падот.

Се сеќавате ли на Светата Теодора Александриска,која живееше како монахиња?

Грешеше,побегна,се покаја,постана светителка.Па сепак прељубата не ја доби како прилог.Кога е наклеветена и прогонета,го подигна туѓото дете,само таа знаеше зошто е наклеветена.

А големиот Ефрем? Зарем не го сместија во затвор поради наводна кражба на телето?

Да му кажа Господ: Сега не си крадел,туку кога си бил дете,дали го пушти телето да го грабнат грабливците?

Затоа,иаку човекот добива простување за својот грев,сепак останува сеќавањето на гревот и делото.

А бидејќи се радувате во последното време,Бог допушти побуна против вас да се разбудите.

Поради тоа стани и викни: Сине Давидов,сакам да гледам појасно!

А тогаш се испостави дека Исус Спасителот е блиску,давајќи ви светлина на покајанието иБоженствено водство.

Затоа,дете мое, не сум тажен поради минатото,туку сум среќен поради иднината.

Зошто малото се благословува со големо,а гревот,мал или голем,се уништува со вистинско покајание.

Затоа,не гледај наназад,туку оди напред.

И многу сум среќен,чедо мое,што сакаш да учиш.И оваа најдобро сведоштво: кога некој сака да учи, сигурно нешто и ќе направи нема друг начин.

Самиот тој не може ништо,тогаш знае дека има други кои нешто работат. И прекори се себеси, понизи се,и моли го Бога да дојде милоста Негова и да го осили.И така постигнува мерка како оние што успеаа во доблеста.




Свети Јосиф Исихаст

Comments