Канон за распнувањето на Господа, и за плачот на Пресвета Богородица




                 


Песна 1

Ирмос: Кога Израил помина пеш низ дното (морско) како по суво, гледајќи го Фараонот гонител како се потопува, викаше: на Бога да Му пееме песна победничка.

Припев: Слава Ти, Боже наш, слава Ти.

Чистата Дева, кога Го виде на крстот обесен Својот Син и Господ, виткајќи се од болка, горчливо викаше и, со други жени, офкајќи говореше.

Ќе Те видам сега возљубено мое чедо и сакано, како на крстот висиш и тешка рана во срцето ќе примам, рече Чистата; но, Добри, кажи и збор на Твојата слугинка.

Слава: Сине мој и Создателу, лута смрт трпиш на дрвото, говореше Дева, стоејќи крај крстот со возљубениот ученик.

И сега: Сега бев лишена од моето очекување, од радоста и веселието, од мојот Син и Господ. Тешко мене, срцето ми боледува, плачејќи говореше Чистата.


Песна 3

Ирмос: Никој не е свет како Тебе, Господи Боже мој, Кој го издигна достоинството на Твоите верни, Благи, и Кој не утврди врз каменот на Твоето исповедање.

Поради страв од Јудеите, Петар се скри и сите верни побегнаа, оставајќи Го Христа, а Дева, плачејќи, говореше.

Со страшното и чудно Твое раѓање, Сине мој, бев возвеличена повеќе од сите мајки. Но, сега, тешко мене, гледајќи Те на дрвото, утробата ми гори.

Слава: Сакам Оној што како младенец Го држев на моите раце, од крстот да Го земам, говореше Чистата, но, тешко мене, никој не ми Го даде.

И сега: Ете ја мојата слатка Светлина, надежта и мојот добар живот, мојот Бог згасна на крстот, утробата ми гори, говореше Дева плачејќи.


Песна 4

Ирмос: Христос е мојата сила, Бог и Господ, богодолично пее чесната Црква, и со чисто срце Го празнува Господа.

Сонце кое не заоѓаш, Боже предвечен, Господи и Создателу на сите твари, како на крстот поднесуваш страдање, плачејќи говореше Чистата.

Плачејќи му говореше браконеискусната на набожниот Јосиф: побрзај да одиш при Пилата и побарај да То симнеш од дрвото твојот Учител.


Слава: Гледајќи ја Пречистата како горчливо солзи, Јосиф се вознемири и, со плач пристапи кон Пилата, викајќи: телото на мојот Бог дај ми го!

И сега: Гледајќи Те ранет и без слава, необлечен на дрвото, чедо Мое, утробата ми гори, плачејќи како мајка, говореше Дева.


Песна 5

Ирмос: Со Твојата божествена светлина, Благи, душите на оние што порануваат кон Тебе со љубов, се молам, озари ги, за да Те познаат Тебе, Слово Божјо, вистинскиот Бог, Кој од мракот гревовен не повикува.

Раскинувајќи се и плачејќи, истовремено и чудејќи се, Јосиф и Никодим го симнаа пречистото тело и, целивајќи го, плачеа и воздивнуваа и, како Бог, Го воспеваа.

Откако со плач Го зеде Мјаката неискусомажна, Го положи на своите колена, молејќи Го со солзи и целивајќи Го, горчливо редејќи и воскликнувајќи.

Слава: Јас, Твојата слугинка, Те имав како единствена надеж и живот и светлина во очите, Владико, Сине мој и Боже! Сега сум лишена од Тебе, слатко Мое чедо и љубено.

И сега: Болки и маки, и воздишки ме снајдоа, говореше Чистата, плачејќи горчливо; тешко мене, гледајќи Те чедо мое возљубено, необлечен и осамен, и мртовец помазан со мириси.


Песна 6

Ирмос: Гледајќи го морето на лшвотот, бранувано од бурата на искушенија, кон Твоето тивко пристаниште трчам и Ти викам: изведи го од гибел мојот живот, Многумилостиве.

Те гледам мртов, Човекољупче, Кој ги оживеа мртвите и ги држиш сите, и тешка рана ми паѓа во утробата. Би сакала да умрам со Тебе, говореше Пречистата, зашто не можам да Те гледам мртов без дишење.

Се чудам гледајќи Те, предобри Боже, и прештедри Господи, без слава и без дишење, и обезличен; и плачам држејќи Те, зашто не се надевав да Те видам таков, Сине мој и Боже.

Слава: Нема ли да и кажеш збор на слугинката Твоја, Слово Божјо? Нема ли да се смилуваш на онаа што Те родила, Владико, говореше Чистата, редејќи и плачејќи, целивајќи го телото на Својот Господ?

И сега: Помислувам, Владико, дека повеќе нема да го слушнам Твојот сладок глас, ниту да ја видам убавината на Твоето лице како порано, јас, Твојата слугинка, зашто исчезна од очите мои, Сине мој.

КондакГлас 8: Дојдете сите, да Го воспееме заради нас Распнатиот, зашто Го виде Марија на дрвото и говореше: Иако трпиш распнување, Ти си ми Син и Бог мој.

Икос: Овцата, гледајќи Го своето Јагне влечено за колење, по Него врвеше Марија со пуштени коси, со други жени, викајќи го ова: Каде одиш Чедо? Зошто толку брзаш? Зар во Кана има и друга свадба, па таму сега иташ од вода вино да им направиш? Да одам ли со Тебе, Чедо, или да Те почекам? Кажи ми збор, Слово, и молчејќи не одминувај ме, Ти, Кој чиста ме сочува, зашто Ти си ми Син и Бог мој.

Ирмос: За преподобните момчиња ангелот направи печката да испушта роса, но таа ги гореше Халдеите по заповед Божја, а мачителот го натера да пее: Боже на татковците наши, благословен си!

Каде е, Сине мој и Боже, древната благовест што Гаврил ми ја говореше? Тој Те именуваше Цар, Син и Севишен Бог. А сега Те гледам, Светлино моја слатка, необлечен и ранет мртовец!

Ти, Кој избавуваш од болки, прими ме со Тебе, Сине мој и Боже, и јас да слезам со Тебе во адот, Владико! Не оставаЈ ме сама, оти не поднесувам повеќе да живеам, без да Те гледам Тебе  слатката моја Светлина.

Слава: Непорочната, со другите жени мироносици, плачејќи горчливо и гледајќи Го Христа носен, говореше: Тешко мене! Што гледам? Каде одиш сега, Сине мој, а мене ме оставаш сама?

И сега: Непорочната, исцрпена и редејќи, на мироносиците им говореше: Редете со мене и горчливо плачете, бидејќи мојата слатка Светлина, и вашиот Учител, во гроб се полага.


Песна 8

Ирмос: На преподобните, од пламенот роса си им пуштил, и жртвата на праведниот со вода си ја запалил; бидејќи Ти, Христе, се првиш како што сакаш, ние Те славиме во сите векови.

Кога Јосиф ја виде Дева како плаче, сиот се раскинуваше и горчливо викаше: Како јас, Твојот слуга, да Те погребам, о Боже Мој! Со какви платна да го завиткам телото Твое?

Чудната глетка Твоја, Господи, Кој ја носиш сета твар, го надмина умот! Затоа Јосиф, заедно со Никотим, Те носи на своите раце и како мртов Те погребува.

Слава: Гледам чудна и преславна тајна, Му викаше Дева на Синот свој и Господ! Како се полагаш во лош гроб, Ти Кој мртвите во гробовите со заповед ги воскреснуваш!?

И сега: Ни од гробот Твој нема да станам, Чедо мое, ниту солзи ќе престанам да леам јас, Твојата слугинка, додека и јас не слезам во адот, зашто не можам, Сине мој, да ја поднесам разделбата со Тебе.


Песна 9

Ирмос: За луѓето не е межно да Го видат Бога, Кого не смеат ни ангелските чинови да Го погледнат: но, преку тебе Сечиста, на луѓето им се јави Словото воплотено, Кого величајќи Го, со небеските војски и тебе те прославуваме.

Радоста никогаш повеќе нема да се допре до мене, редејќи говореше Непорочната. Светлината моја и Радоста моја во гробот зајдоа. Но нема сам да Го оставам; овде ќе умрам и со Него ќе се погребам.

Душевната моја рана сега исцели ја, Чедо мое, викаше Пречистата, солзејќи: Воскресни, и смири ми ја болката моја и тагата, зашто можеш да правиш се што ќе посакаш, Владико, иако доброволно си се погребал.

Слава: О, како се затаила од тебе бездната на добрините, и рече Господ тајно на Својата Мајка: Прифатив да умрам, зашто сакам да го спасам Моето создание. Но, и ќе воскреснам, и тебе ќе те возвеличам, како Бог на небото и на земјата.

И сега:Ке то воспеам Твоето милосрдие, Човекољупче, и ќе се поклонам на богатството од милоста Твоја, Владико! Зашто, сакајќи да го спасиш Твоето создание, си поднел смрт, рече Пречистата. Но, со Твоето воскрсение, Спасителу, сите нас помилувај не.

Потоа, наместо: Достојно е 

Ирмос: За луѓето не е можно да Го видат Бога, Кого ие смеат ни ангелските чинови да Го погледнат: но, преку тебе Сечиста, на луѓето им се јави Словото воплотено, Кого величајќи Го, со небеските војски и тебе те прославуваме.

Трисвето. По Оче наш:кондак Дојдете сите, да Го воспееме заради нас Распнатиот: Господи, помилуј: (40пати). Ти, Кој во секое време: Господи, помилуј: (3иати). 

Слава, и сега: Почесна од херувимите: С о името Господово, оче благослови. Свештеникот: По молитвите на светите отци наши: и молитвата: Нескверна, неблазна: И отпуст.

Comments