Свети Пајсиј и опседнатата муслиманка...
Во мај 1989 година, Свети Пајсиј направи втора овојпат поголема посета до Помакохори во Тракија.
Еден млад човек што го познавал го возел во неговата кола и кога стигнале со себе земале двајца Помаци кои станале христијани и често го посетувале Старецот.
Тие побараа благослов од Митрополитот, а потоа заминаа во обиколка. Добрината на отец Пајсиј „проговори“ во срцата на овие прости луѓе.
А кога слушнаа дека кумот му е Светител и дека во неговиот роден Фарас направил многу чуда за муслиманите, сите посакаа да го видат и го поканија во своите домови.
Тие што беа од други села го молеа да ги посети и нивните. Во секоја куќа во која одеше се собраа сите соседи - околу триесет, педесет муслимани - да слушнат нешто од неговата уста.
Тој им рекол вакво нешто: ,,Бог не сака сите нас. И вие сте Божји деца“.
Муслиманот што ќе стане христијанин може полесно да се спаси отколку оној што е Христијанин од детството, затоа што муслиманот не знае ништо и доаѓа во Православието и сѐ учи од почеток, и станува подобар.
Ако го исповедаш Христа, ќе бидеш во подобра положба од нас, затоа што ние знаеме сè и за жал не го применуваме тоа.
Додека шеташе низ улиците на селото, луѓето се собираа околу него, а тој ги гледаше со мил поглед, им делеше бонбони на децата и разговараше со сите.
Му пријде една муслиманка, која реши да се крсти како Христијанка, и го праша:
- „ Јас не знам ништо. Што да кажам во мојата молитва?“
– „Што знаете да кажете?“ - отец Пајсиј ја праша.
- „Знам да кажам „Господи помилуј“ - одговори жената.
- ,,Продолжи да го кажуваш тоа“ - ја советуваше отец Пајсиј.
Отишле и во куќата на една опседната муслиманка, која штом го здогледала Старецот, му пришла и со надмеен тон му рекла:
- „Имам демони“.
- „Добро, добро“, ѝ рекол отец Пајсиј и со неа влегол дома, земајќи го со себе еден од неговите помошници.
– „Сакаш да оздравиш?“ - ја праша.
– „Да“ - одговорила жената.
Потоа го извади својот дрвен Крст и, шепнувајќи ѝ молитва, отиде да и го стави на челото. Но таа се оттргна и силно го турнала отец Пајсиј.
„Демонот е многу силен“ - кажа неговиот придружник, мора да ја држиме.
Успеале да ја врзат, а отец Пајсиј двапати и го ставил Крстот на челото. Тогаш жената паднала и почнала да вика: ,,Оди си, не те сакам!“ Од устата и излегуваше пена и неподнослива смрдеа.
Неговиот придружник се исплаши, но отец Пајсиј го охрабри: ,,Ќе излезе, не плаши се“. Штом кажа: „Оди си, сатано!“, Светиот по трет пат и го ставил Крстот на челото.
Тогаш го виделе демонот како бега како црно куче и ја остава жената без свест. Веднаш штом се опорави, им рече: ,,Јас ја немам тежината во себе што ја имав, но горам. Оган излезе од мене и ме изгоре“.
Тогаш жената се сврте кон неговиот придружник и го праша на нејзиниот јазик: ,,Колку пари да му платам на монахот? Бев кај гатачи и маѓосници, а тие ми земаа илјадници драхми.
Сега колку да му дадам? Имам сто и педесет илјади. Дали се доста?“ Свети Пајсиј ја разбра што зборува и рече:
― „Кажи ѝ да се помоли за монахот, да го прими Господ во еден ќош од рајот“.
„Не сака пари„ - ѝ рекол придружникот на жената. „Само кажи му да има добро небо“ .
Кога излегоа во дворот, сите беа изненадени кога ја видоа жената толку изменета. Нејзиното лице веќе не беше жестоко, туку мирно. Таа со благодарност погледна во отец Пајсиј и го праша:
- „Што да правам сега?“
– „Прочитај го Евангелието, ѝ рекол, и не гледај во филџаните, ниту кажувај гатања ниту оди кај гатачи и бајачи.
Обидете се да молите колку што можете повеќе. Со молитва ќе се оттргнете од нив. Ако не се молите и почнете повторно да го правите истото, повторно ќе го ќе се врати демонот“.
Меѓутоа, Свети Пајсиј им рекол на своите придружници „Ако не го стави Крстот на неа т.е. ако не се крсти, таа нема да закрепне“.
Свети Пајсиј Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар