Еден од знаците на покајание е кога...
Еден од знаците на покајание е кога ќе се најдеш во истите услови, но ќе се однесуваш на нов начин. Да речеме дека одеше на забави и пиеше со сите. Сега одиш на гости,забави, но веќе не пиеш.
Сепак, останатите не престанаа да пијат. Ти се откажа.
Условите не се променети. Ти се промени. И така е за сите гревови. Не озборуваш, не клеветиш, не изневеруваш, не бараш сомнителни и лесни пари, иако сите сè уште живеат токму така. Но, ти се покаја и продолжуваш да бидеш буден над себе.
Ако бараме промени во животот околу нас, се жалиме дека не сме во можност ништо да промениме (на крајот целиот свет е против нас и никој не сака да се покае), тогаш со тоа го признаваме нашиот недостаток на вера. Сакаме да се скриеме меѓу толпата и да живееме според Божјата волја само кога сите други ќе почнат да живеат така. Тоа е илузија.
До крајот на времето, Црквата нема да престане да зборува преку усните на Претеча и Господ: ,,Покајте се!" И токму покајниците ја сочинуваат Црквата, против која портите на пеколот нема да надвладеат.
Протоереј Андреј Ткачев
Comments
Post a Comment
Напиши коментар