„Оче наш!“, „Оче наш!“..
„Кога облаците грмат и океаните бучат како да ти велат : „Господару наш!“
Кога паѓаат метеори и скокаат огнови од земјата, како да викаат: „Создади нè!“ Кога во пролетта цветаат цвеќињата, а ластовиците носат суви треви во устата за да им направат гнезда на своите млади, како да ти пеат: „Господи наш!"
И кога ќе ги подигнам очите кон Твојот престол, ти шепотам: „Оче наш!"
Имаше време, долго и страшно, кога човекот, кога Ти се обраќаше, Те нарекуваше Господи, Создател, Господар! Да! Тогаш, кога човекот се чувствуваше како да е само предмет меѓу другите. Но сега, по благодатта на Твојот Единороден Син, го научивме Твоето вистинско име. Затоа и јас се осмелувам заедно со Христа да Те наречам „Оче“.
Ако Те исповедам како „Господи“, се поклонувам пред Тебе со страв, како еден од безбројната војска робови.
Ако те нарекувам „Создател“, јас сум одделен од Тебе, исто како што ноќта се одвојува од денот и листот од дрвото.
Ако Те погледнам и Те наречам „Господар“, ќе бидам како камен меѓу камења, како камила меѓу камили.
Но, ако ја отворам устата и шепнам „Оче“, љубовта го зазема местото на стравот, земјата се чини дека се издигнува и го допира небото. И јас одам со тебе.
Те чувствувам како сопатник во убавините на овој свет и ја споделувам твојата слава, твојата моќ.
Оче наш! Ти си Отец на сите нас. Кога би те нарекол Оче мој, би се омаловажувал и Тебе и себеси.
Оче наш! Не се грижиш само за мене, една личност, туку за целиот свет. Твојата цел е твоето царство, а не индивидуална личност. Те вика мојот егоизам.
Мојот Отец. Мојата љубов ти вика: ,,Оче наш!"
Во името на сите луѓе, моите браќа и сестри, се молам и велам: „Оче наш!"
Во името на сите суштества што ме опкружуваат и со кои ме создаде, се молам: „Оче наш!"
Ти се молам, Татко на вселената, се молам само за едно: „Нека наскоро осамне големиот ден кога сите луѓе, живи и мртви, во хармонија, заедно со ангелите и ѕвездите, ѕверовите и сите суштества, ќе Те нарекуваат со твоето вистинско име: „Оче наш!“, „Оче наш!“
Свети Николај Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар