Добро е да се избегнува причината за грев. Човекот кој се наоѓа блиску до повод за грев, сличен е на оној, кој стои на работ од длабока бездна и ѓаволот секогаш, кога и да посака, лесно може да го турне во неа. Но, ако со тело сме оддалечени од поводот за грев, тогаш сме слични на оној, кој стои далеку од бездната. ѓаволот и ако нè повлече во бездната, додека нè влече ние можеме да пружиме отпор и Бог ќе ни помогне.
Свети Пимен Велики
Comments
Post a Comment
Напиши коментар