Бог кога го создаваше човекот го создаде здрав,полн со радост и мир, но му даде и болест.
Зошто?
Зошто кога човекот ќе ја прифати болеста, кога од својата болест изведе позитивни заклучоци, кога поради болеста му се предаде на Бога, тогаш болеста постанува најбрзо средство за освојување на вистината и спасението.
Затоа Бог, како добар учител, кога имаме полно гревови, па дури и скриени, ни доделува болести, како не би биле казнети во идниот живот.
И на луѓето кои ја сокриваа својата светост тој истотака им дава болест,така да не уживаат во даровите тука на земјата, туку во вечноста.
На крај, болеста е еден од најубавите Божји дарови дадени на човекот.
Можеби и дури жалителите ќе ја преферираат, по најдуховните желби на нивното срце...
Старец Емилијан Симонопетриски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар