Веројатно те мачи подмолниот дух на тагата, кој со твојата воља некако те привлече.

Ако престанеш самиот себе да се насочуваш, и се што го правиш да биде со благослов Божји, тогаш со тој благослов ќе го достигнеш душевниот мир и ќе уживаш во другите плодови на Светиот Дух.

Ако во потполност се откажеш од својата воља, никога нема да ја почуствуваш темнината на очајувањето.

Во тој случај страшните напади на страстите ќе му го отстапат местото на чистотата на умот, мирни мисли,благост и ненарушен мир,кој ќе те осени и ќе се насели во твојата душа.

Ако непрекидно стражариш над себе и ја задржиш трезвесноста, ќе станеш сличен на мудрите девојки и ќе влезеш во брачната соба на бесмртниот Женик.Женикот доаѓа на полноќ, а ти внимавај со тага да не го оптеретиш своето срце.

Прослави го Господа пред зајдисонце.

Доколку вистински сакаш да се спасиш, во името Господово, стапи на патот на самоодрекување.

Очајот секого го мачи. Очајот ги разрушува лековитите плодови на трезвеноумието, дури и на најдуховните луѓе. Меѓутоа, очајот не наоѓа место кај едноставниот искушеник.

Поради што би очајувал оној кој се надева на Бога, а се одрече себеси?

Зошто на непријателот потполно остана без оружје (Пс.9,6).



Старец Леополд Оптински

Comments