Еднаш еден монах отиде кај отец Ефрем Катунакиски со другите да праша за малодушноста.
Старецот зборуваше за малодушноста,дека тоа е најлошо од секоја страст, страстите барем нешто бараат, а малодушност е кога човекот не бара ништо. Оваа состојба не се разликува многу од смрта...
И така, малодушниот монах го избегнуваше старецот и несакаше да зборува со него.
Кога завршија со вечерната,отец Ефрем го повика монахот и му кажа:
- Ајде да излеземе надвор. Сакам нешто тајно да ти кажам.
Монахот се согласи:
- Ајде.
Кога излегоа, старецот Ефрем го прегрна за рамото и му кажа:
- Сакам да ти кажам нешто важно.
Погледни како е убава месечината! Погледни какви неверојатни ѕвезди! Каков мир распространет по целата природа околу нас!
Ќе ти кажам една тајна.
Се оваа е Божја убавина и хармонија.
А се лошо и злобно е човечкото ограничување.
И секогаш се во меѓусебна војна.
Човечките страсти пробуваат да го искриват складот и дури да ја уништат неговата убавина.
И понекогаш успеваат на кратко.
Но да знаете, тајна е дека во оваа војна убавината секогаш победува! Зошто убавината е Бог. А Бог е непобедлив!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар