Легендата кажува дека змијата еднаш ловеше една светулка како би ја изела. Ја бркаше неколку дена, додека на третиот ден не застана изморена.

А светулката ја праша:

- Дали можам да ви поставам три прашања?

- Иаку не сум навикната да одговарам на таквите прашања, ќе ти одговорам, бидејќи наскоро ќе те изјадам.

- Дали припаѓам на вашиот ланец на исхрана? праша светулката.

- Не и одговори змијата.

- Дали со нешто ве вознемирив?

-Змијата веќе ништо не кажа.

- Зошто тогаш сакаш да ме убиеш?

- Затоа што неможам веќе да те поднесам и да те гледам!

Истата работа се случува и во животот на луѓето.Има многу од оние кои ја пронаоѓаат добрината, доблеста и понизноста, а има и од оние кои војуват против нив зошто неможат да ги достигнат.



Comments