Обидете се никогаш да не го обвинувате ближниот, туку помолете се за него. Кога некого осудуваме за неговите маaни, тоа значи дека не ги гледаме нашите. Што ли барам кога му судам на мојот брат? Штом не го гледам како што го гледа Господ, сè ќе биде погрешно. Започнете со оваа молитва, со мислата да бидете послушни, да не им судите на вашите браќа. Започнете со копнеж да им послужите на другите, како Свети Силуан, кој за време на празниците бараше да им служи на стотиците монаси во трпезаријата. Беше многу радосен да гледа колку Христос ги љуби овие луѓе, овие деца Божји. Им служеше со многу љубов. Кога работите од секојдневниот живот се совршуваат во тој дух, можат да станат една многу пријатна духовна храна. Ноќе, благодарение на оваа настроеност да служите, вашето срце ќе биде многу меко, ќе плаче пред Бога за вашите маани, за несовршенството на вашата љубов.


Свети Софрониј Сахаров


 

Comments