Една жена...долго се криеше и од срам никогаш не го исповеда својот грев, туку често се молеше пред иконата на Пресвета Богородица ронеше потоци од солзи и бараше Пресветата да ја заштити.

Конечно, жената почина и не го исповеда својот грев.

Кога и служеа опело во Црквата пред целото семејство, одеднаш мртвата жена стана,седна  и кажа:

Твојата голема моќ, Пресвета Богородице!

И пред свештеникот го исповеда својот грев. Потоа на сите гласно им кажа: Умрев јас кутрата, но секој ден, со длабока скрушеност и се молев на Пресветата Богородица да не биднам казнета за својот грев.

Кога мојата несреќна душа се одвои од моето тело, темните и зли духови ми се израдува за мојот таен грев и ми се радуваа како на свој плен.

Но се појави Царицата на Ангелите и со својата светлина ги распрсна сите злобни духови.  

Им кажа: Господ не ви даде сила над оваа душа. Потоа ме поведе кај Господа и Го молеше да ја покаже својата милост спрема мене, и Господ кажа: Нека се оваа душа соедини со своето тело и да го исповеда својот грев.

Гледате, таа секој ден се каеше и со солзи се молеше на Пресветата Богородица, зошто прими милост Божја.

Дали вие го направивте оваа?

Изгледа дека не сте!

Но не очајувајте и не оставајте за подоцна, туку покајте се и исповедајте се, откријте му ја својата духовна состојба на својот духовен отец и барајте ги неговите молитви, а потоа што и да ви каже направете го тоа.




Схиархимандрит Макариј Сушкин

Comments