Во Откровението постојат пророчки зборови: Луѓето ќе умираат од очекување на предстојните неволи поради одсуство на верата и љубовта.
Кај Апостолот и Евангелист Јован Богослов: Оној кој се плаши е несовршен во љубовта,зошто љубовта го отфрла секој страв.
Човекот живее во страв дека ќе го загуби здравјето, работата, ќе ги загуби блиските, ќе го загуби животот.
Стравот како рѓа го разедува и го уништува. Како би се спасиле од стравот,потребно е да имаме вера не само во Бога, зошто и демоните веруват и треперат.
Стравот Божји, кога човекот себеси се доверува на Бога, и освен од Бога, повеќе од ништо не се плаши, затоа што знае, дека без Божјата воља ништо нема да стане.
Потребно е да ја засилиме својата вера и од ништо да не се плашиме во овој живот освен од Бога.Зошто Бог е со нас, а ако е со нас,тогаш кој е против нас?
Стојте во верата и од ништо,освен од Бога не се плашете, зошто Бог е до нас, и силата на Крстот, и сите Свети, и нив уште многу повеќе од замислените непријатели, кои всушност и ги нема.
Амин
Comments
Post a Comment
Напиши коментар