Пред многу години во Детроит, бев повикан во домот на еден осумдесетгодишник за да го исповедам,кој сакаше суштински да ги признае сите свои гревови, но и сакаше толкување на сонот кој го видел. Но јас ја искористив шансата и од толкување на сонот добив признавање на сите негови гревови.


И ми кажа овој стар човек, многу страшни гревови, кои неможеме да ги спомнеме во нашите надворешни разговори. Тие гревови беа многу многу страшни...


Затоа пробував да во него внесам свест за тежината на гревовите и дека кога ќе дојде денот дали ќе му се допадне на него или не,тој мора да застане пред Бога на Страшниот суд.


И тогаш тој човек по милоста Божја, како разбојникот на Крстот кажа: Боже мој, опрости ми на мене грешниот, не кажа: Сети се на мене Господе кога ќе дојдеш во царството свое,кажа Боже опрости ми,кажа и започна да плаче,и да плаче,плаче,и да плаче...

Пола час, еден час,час и пол,два часа...и јас седев и плачев со него.

Му прочитав молитва и заминав.


Ги повика сите од неговото семејство и им кажа дека се чувствува лесно, зошто беше толку сит.

Започна сите да ги гушка,започна да игра со нив оро од преголема радост,лицето му се разведри го зеде својот Крст и радост,радост,радост, летам како Ангел, се чувствувам како да имам крилја им зборуваше на своите домашни.


Од многуте скокови и радост, се чувствуваше уморно и кажа:Боже мој, Ти благодарам што ме прифати како грешник.Благодарам,благодарам,благодарам и почина.


Смрт на Светецот,како овој човек,кој беше на Крстот како разбојник.



Старец Ефрем Филотејски


Comments