Ништо на земјава не ми е крајно неопходно. Што ми е потребно?


 Потребен ми е Господ, потребна ми е Неговата благодат, Неговото Царство во мене.


 На земјата, местото на моето прогонство, на моето привремено учење, нема ништо мое, сопствено, сѐ е Божјо и сѐ е привремено, наменето за привремено користење од мене.


 Што ми е потребно? 


Потребна ми е вистинска, христијанска, жива, дејствителна љубов, потребно мие срце кое љуби, жали за ближните, потребна ми е радост за нивната благосостојба, тага за нивните маки и болести, за нивните гревови, слабости, недостатоци, несреќи, сиромаштва; потребно ми е топло сочувство, искрено во сите околности на нивниот живот, радување со оние кои се радуваат, плачење со оние кои плачат.


Свети Јован Кронштатски

Comments