Старецот Клеопа живееше тие години во земуници, криејќи се по шумите.

Се сеќавам, го водев една ноќ преку планините да му го покажам патот.

Беше многу исцрпен, едвај одеше.

Се плашев ако почине што да правам.

Кога тоа го помислив, иаку много долго молчевме, тој ми кажа: Александар, да знаеш, ако почине монах а нема свештеник, ќе ја прочиташ 17 катизма и ќе го погребаш.

...Ја поминав ноќта со старецот Клеопа на планината Тачунеле. Во едно време во ноќта, лежев но не спиев,старецот Клеопа стана.

Сфатив дека сака да го чита Псалтирот.

Беше темнина, а оганот беше згаснат. Ја зеде книгата и ја отвори.

Се запрашав како ќе ја чита кога нема светлина. Во тој момент од неговото лице засвети светлина и тој читаше.

Оваа случка не се обидуваав да ја раскажам се до неговата смрт.



Comments