Еден човек кој живееше во Австралија и многу го почитуваше Свети Порфириј Кавсокаливит, западна во голем проблем.

Неговата единствена ќерка доби запаление и беше примена во болница.

На девојката и беше направен ренген. И беше утврдено дека на девојката и недостасува еден бубрег!

Оваа го комплицираше лекувањето и се закануваше да остави озбилни последици.

Таткото беше многу вознемирен, со солзи започна да го моли Свети Порфириј, молејќи го да му помогне на неговата ќерка.

Но, здравјето на неговата ќерка се влоши.

Таа ноќ во сон му се појави Свети Порфириј и му кажа:

- Ќе го направам онаа што го бараш. Девојката ќе оздрави.

Воодушевениот татко итно отиде во болницата.Беше потребно полно убедување да ги натера докторите да го повторат снимањето.

Докторите му кажуваа дека детето нетреба толку да се зрачи. Но таткото беше упорен.Кога повторно го снимаа девојчето на ренген на сликите имаше два бубрега! Докторите беа шокирани, ги сочуваа и двете слики.

Но девојката се чувствуваше уште полошо, сега воопшто не го чувствуваше стомакот, како тоа да не е неговото тело.

 Вознемирениот татко побрза до иконите и огорчен кажа:

- Старче, барав од тебе да ми ја излечиш ќерками а ти направи да и биде уште полошо!

Одеднаш кај иконите го здогледа Старецот Порфириј, кој му кажа:

- Слушај, драг мој, како можам да го пресадам бубрегот на вашата ќерка без анестезија? Почекајте неколку часови, анестезијата ќе помине и девојчето ќе стане здраво.

Кога девојчето почуствува дека е потполно здрава, нејзиниот татко со благодарност отиде да му се помоли на Старецот.

Интересантно е да се напомне дека самиот Старец не беше сосема обичен човек, а неговите чуда се исклучителни.


Свети Порфириј Кавсокаливит, моли го Бога за нас!


 



Comments