Ќе ви раскажам една случка која се ми се случи.Пред извесно време ме повика Неговото Преосвештенство Јона знаејќи дека редовно одам на Света Гора и ми кажа:
- Ако одите на Света Гора и не носите сосебе многу работи, можете ли да земете еден пакет за старецот Григориј од манастирот Дохирај?
- Што е оваа за старецот прашав?
- Ништо посебно, старецот нешто нарача па да му ја пратиме му треба за големиот празник...
Мораме да побрзаме да го однесеме на Света Гора.
Прифатив да го однесам пакетот,дојде еден млад човек ми ја даде торбата и ништо не ми објасни.
Кога ја отворив торбата дома бев престрашен! Во неа се наоѓаше сет со функционални садови за литургија.
Садовите беа егзатни копии на византиско стакло и диск кои беа изложени во Кремљ! Изработени се од сребро со позлата и украсени со драги и полудраги камења!!!
Знаев дека за да се изнесат такви работи од земјата требаше посебни дозволи од министерството за култура.
Не се работи само за сребрен Крст кој можеш да го ставиш на врат и да поминеш на граница. Бев во шок.
Незнаев што да работам. Следниот ден летав.Картите ми беа во рака.
Куферите ми беа спремни. Размислував за тешката ситуација во која се наоѓав,го најдов телефонот во манастирот Дохирај.
Старецот Григориј ми се јави.Се збунив, пробував да му објаснам што ме чека...А тој ме прекина строго и ми кажа:
Не плаши се земи и донеси! Што зборуваш,немој да се плашиш.
Имаме празник.Празникот на Пресветата Богородица.
Тој прибор мора да стигне за празникот.
Од ништо не се плаши земи и донеси.
Пријателите ме советуваа: Земи некоја стара торба или некој стар куфер.
Најдов таква торба стара војничка.
Го ставив приборот и заминав на аеродром...
Старецот ми даде благослов си размислував по пат. Ништо нема да ми се случи.
Од некој непозната причина на царината ништо не приметија.
Истото се повтори и во Грција ја ставив торбата на контролниот скенер и како да беше празна ништо не се покажуваше.
Почнав да разбирам дека оваа што се случува е по молитвите на старецот.
Како да имав крилја така одлетав во манастирот Дохирај.
Му го предадов пакетот на старецот Григориј.И тој веднаш ме одведе во Црквата,ми го покажа Храмот, кој беше спремен за Светата Литургија, и го стави овој вреден Литургиски прибор на Светата трпеза, и задоволно кажа:
- Крај! Последен допир.Стигнаа!
И веднаш се заврте кон мене и ми кажа:
- За вашата храброст, за вашата храброст, што го слушнавте мојот благослов, ќе ве запишеме во диптихот на нашиот Манастир за вечен помен! Секој ден на Литургија ќе го спомнуваме вашето име!
Неможев да замислам поголема радост! И веднаш, за да ме спушти од небото на земја, старецот ми кажа на свој карактеристичен начин:
- Само, ќе ве замолам, кога ќе умрете,да не заборавите да ни се јавите како би можеле да ве спомнеме за вечен одмор!
Максим Клименко
Comments
Post a Comment
Напиши коментар