Боже, Ти не спремаш за вечност, да бидеме со Тебе во Твојата бесконечност.
Што е Твојата тага за оние кои ќе отпаднат од Тебе и отидат во бездната на темнината?
Те повикувам во својата душа, заборавајќи дека си во неа уште од моето раѓање.
Господи, излекувај ме од гревот на моето незнаење!
Ако не створи како духовни суштества од својата светлина, тогаш навистина сме духови, облечени во светлина, но направени од темнината на своите гревови.
Затоа страдаме зошто отпаднавме од светлината Твоја и мачени во своето слепило, зошто не ги исполнуваме Твоите заповеди - не стануваме Твои светители.
Ти си единствен,Боже,самото Твое е суштина на вечното блаженство.
Страствено сакаме да живееме, а нашиот живот не е ништо друго освен непрестрајно страдање предизвикана со невкротлива страсна желба за егзотичен живот, чиј корен е заблудата. А додирот на Вечноста ни е даден само како лековита осаменост.
Молитва на Светогорските монаси
Comments
Post a Comment
Напиши коментар