Мамо, не плачи! Свети Јован Руски ми направи добро

  Мамо, не плачи! Свети Јован Руски ми направи добро




 ...Семејство во Атина добило голем удар, нивното дете Василакис, 5-то одделение, наеднаш ги изгубило нервите, се затворило дома, и кога ги почнале тестовите и му била дијагностицирана „миелоидна леукемија“ на 'рбетниот столб. Почна хемотерапијата, на детето му опаѓа косата. Детето ги губеше силите.

Една ноќ, на полноќ и ја вика на мајка си.

- Мамо, сакам да направиш нешто. Однеси ме кај Свети Јован Руски.

- Како, чедо мое, си помислил на овој Светител меѓу толку светители?

- Се сеќаваш ли каде отидовме на пат минатата година? Ја имавме земено и книгата со Неговите чуда. Вечерва, штом завршив со читање, слушнав глас во мене, како да ми рече, дојди во мојата црква, Василакис, и јас добро ќе се однесувам со тебе.

Тие дојдоа.

 Можеше да се види како детето се обидува да се држи за животот. Тој се приближи, се поклони. Ги отвори своите мали раце, се помоли, а потоа ја облече капата и појасот на Светителот. Дури и наједноставниот предмет може да ја пренесе моќта на Бога. Неговата мајка плачеше крај светите мошти, а потоа детето и вели:

-Мамо, не плачи! Свети Јован ми направи добро.

- Кажи ми, дете мое, како?

-Вкочанетоста во телото и болката во долниот дел на грбот престанаа и покрај тоа во мене дојде радост. Мило ми е што се враќам во моето училиште.

Заминаа и никому ништо не кажаа. Се вратија во Атина. Тие отидоа во болница

Направени се нови тестови и професорот рече дека со резултатите од биопсијата сега ја прекинуваме хемотерапијата бидејќи болеста веќе не постои. Тогаш мајката раскажала што детето направило самостојно, а докторот рекол:

- Ова е  над науката, тоа е во областа на верата. Му благодариме на Светителот затоа што отпуштањето од болницата е потпишано од Светител.

Во јуни, Василакис заврши основно училиште и е како што сака Господ...“


Comments