Мајко моја, зошто е твојата храна толку слатка?

 Мајко моја, зошто е твојата храна толку слатка?




~ Драги мои деца, кога јас бев мало дете и ја прашував мајка ми: 

– Мамо, зошто ти е толку слатко јадењето?

– Има тајна синко, но полека ќе ти кажам.

И на крајот, бидејќи секогаш велев:

– Мамо, зошто ти е толку слатко јадењето?

Таа ми кажа: 

– Дете мое, кога ја готвам храната, ја готвам со тајна, која морам да ти ја кажам и никогаш во животот не смееш да ја заборавиш. 

Кога ќе го ставам маслото во тенџерето, го ставам со знакот на Крстот. Кога ја ставам храната, ја ставам со знакот на крстот. Кога ќе ја ставам водата, ја ставам со знакот на крстот. Кога ставам сол, го ставам со знакот на крстот. Зашто ние имаме непријател,  непријател не ја јаде храната што ја јадеме, тој е љубоморен (бидејќи не може да ужива во даровите Божји) и секогаш сака да ја расипува. Ние во тој момент мора да го повикаме нашиот Ангел, кој е до нас и нè гледа и не чува. Нашиот Ангел бдее, за да му дадеме предност и ние хо правиме знакот на Светиот Крст, тогаш ѓаволот исчезнува и нашата храна станува слатка, бидејќи Ангелот Божји беше блиску до нас.

     Денешните готвачи не знаат дека се Божји деца и дека треба да Го признаат. Да признаат дека тоа што го прават, го прават со благодатта Божја. 

     Гледаш како прават кругови во тавата, во тенџерето (со маслото и сл.) и не ја отвораат раката за да го направат знакот на светиот крст. 

     Кога готвите, кога ја пржите храната, прекрстете ја. Дали го ставате маслото во храната? Направете крст со маслото. Додадете сол. Што ставаш, прекрстуваш. И храната станува послатка, повкусна, а ние ја јадеме со повеќе апетит. 

     Тогаш ќе седнете на вашата маса да јадете? Кажи ја својата молитва! Не седнувај без молитва... Ќе станеш ли од својата трпеза? - Кажи: Фала Му на Бога И тогаш сè ќе биде благословено од Бога!


Блажениот отец Сава Ахилеос – говор 19.2.2013


Comments