Кога во човекот не делува Божјата благодат...

Кога во човекот не делува Божјата благодат...


  Старец Ефрем од скитот на Свети Андреј

Кога Божјата благодат не делува кај човекот, човекот покажува духовна мрзеливост и нема волја да го направи својот крст. Ништо од духовното не го утешува и радува.


Тогаш човекот се теши со сон, храна, телесни задоволства, пари и слава.


Чувството на депресија, меланхолија, вознемиреност, осаменост, демонска тага и слично се резултат на отсуството на благодатта на Светиот Дух, поради неисповеданите гревови што постојат во човекот.


Тие се симптоми и резултати на страстите, помислите и гревовите.


А лекот за ослободување од овие симптоми е многу лесен: тоа е покајанието, тоа е исповедта, тоа се солзите, христијанскиот живот и постот, т.е. духовниот живот.


Comments