Преку страдање - до радост

 Преку страдање - до радост




„За добро ми беше силната тага“ (Исаија 38:17 ).


Блажен е тој што може искрено да ги повтори овие зборови. Блажен е оној чија тага не го стврдна срцето, туку се претвори во добро за душата. Таквото влијание на тагата е сосема можно по Божјата благодат, тоа е нејзината вистинска цел.


Понекогаш, во моментите на најтешката тага, душата се издигнува кон Господа, и во излив на благодарност за сите минати милости, чувствуваме како неконтролирана привлечност кон Изворот на сите благослови, кој толку великодушно ни дал. Чувствуваме дека, земајќи ни ги и најскапоцените работи, Тој е семоќен одеднаш да го всади својот прекрасен мир во нашите срца, да ја смири бурата и да ја осветли темнината на нашата болна душа со Својата светлина!


Преку искушенија, Господ сака да го омекне нашето срце, да го стопли со сочувство за туѓа потреба и да го отвори за туѓа тага. Лишувањето и тагата се Божји плуг, кој ја превртуваат душата и ја подготвуваат за Божјото поле. Во длабоката бездна на страдањето, Тој го фрла семето на големата идна радост. Во Неговата неизмерна милост, Господ понекогаш ни испраќа овде, во нашиот земен живот, жива свест дека навистина „Оти мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас“ (Рим. 8:18)! Зарем самата свест за ова не е веќе најголемата Божја милост?


Од дневникот на еден православен свештеник

Comments